Познато е во кои градови ќе се игра завршниот турнир на Лигата на нациите

172

Италја, Хрватска, Холандија обезбедија место на Фајнал фор турнирот во Лигата на нациите, а се чека уште четвртиот патник кој ќе се знае вечерва по дуелот меѓу Шпанија и Португалија. Истиот ќе се игра дури во јуни 2023 година, а домаќин ќе биде Холандија.

Ќе се играат две полуфиналиња, веројатно 14 и 15 јуни 2023 година, а финалето е ќе биде на 18 јуни. Кој со кого ќе игра во полуфинале ќе биде одлучено со ждрепка.

А натпреварите најверојатно ќе се играат во градовите Ротердам и Еншеде. Холандските медиуми пишуваат дека Холандија ќе го игра првото полуфинале во Ротердам, а второто полуфинале ќе биде во Еншеде. Финалето ќе се игра на „Де Кујп“, а мечот за третото место на стадионот на Твенте во Еншеде.

 

ПретходноИзбегната трагедија: За малку ќе отидеа главите на фудбалерите (видео)
СледноФС на Малта го суспендираше селекторот поради недолично сексуално однесување