Србија згрозена и во шок…. на продажба дресот подарен на дете

649

Толку вреди патриотизмот во Србија, удирањето во гради за националните бои и всушност љубовта кон сопственото дете, кое добило на подарок оригинален дрес од репрезентацијата на Србија. Вреди само 1000 евра

Јавноста во Србија е згрозена откако на интернет маркетот се појави на продажба дресот на играчот за врска Иван Илиќ, само ден откако во прекрасна игра Србија ја победи Шведка на „Рајко Митиќ“ со 3:1. Домаќинот беше казнет, играше без гледачи, поточно на трибините се најдоа 10.000 дечиња со своите учители. По крајот на дуелот, сите фудбалери ги подарија дресовите во публика. Еден многу „паметен“ родител, очигледно не планирал да му создаде на своето дете незаборавен спомен за цел живот, туку планирал да се збогати со „цели“ 1000 евра.

Откако огласот излезе, и беше пробиен во јавноста, истата го осуди објавувачот на секаков можен начин. „Беднику од родител, имаш лу душа“… стои во насловот на еден од пораталиве во Србија.

 

 

ПретходноМегваер синоќа го доживеа најголемото понижување во својата кариера!
СледноСтрумица Н. игра за историја: Три автобуси навивачи доаѓаат да ги бодрат одбојкарите против Динамо