ФС на Малта го суспендираше селекторот поради недолично сексуално однесување

177

Фудбалскиот сојуз на Малта го суспендираше селекторот Девис Манџa, поради надовно недолично сексуално однесување кон фудбалер. Локалните медиуми пишуваат дека се работи за недолично однесување кон еден или повеќе фудбалери од националниот тим, па така на десеттина часа пред пријателскиот меч со Израел, ФС на Малта го суспендира селекторот.

Засега не е познато коj e фудбалерот или фудбалерите кои се пожалиле од селекторот поради што ФС на Малта беше принудена да реагира.

Инаку италијанскиот тренер е селектор на Малта од декември 2019 година, а има договор до 31 декември наредната година. Претходно работел во младата селекција на Италија, како и клубовите Асколи, Бари, Специја и Палермо.

На мечот со Израел, на кормилото на репрезентацијата на Малта ќе биде помошниот тренер Давиде Мацоти.

 

ПретходноПознато е во кои градови ќе се игра завршниот турнир на Лигата на нациите
СледноРепрезентативец му се спротивстави на Ван Гал: Не ме ставај централен бек!