ФФМ со порака: Беше навистина импресивно да се види како и на дожд, повеќе од 20 илјади луѓе, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија!

594

Македонската фудбалска федерација на својата официјална страница им се заблагодари на сите кои дојдоа вечера на Националната Арена „Тодор Проески“ да ги поддржат играчите на дуелот против Бугарија жалејќи то оваа средба не заврши со позитивен резултат.

„Драги наши навивачи,
Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против Бугарија.
Беше навистина импресивно да се види како и на дожд, повеќе од 20 илјади луѓе, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија.
Од првата до последната минута.
На сите ни е жал што репрезентацијата и покрај големиот напор не успеа на крајот да оствари позитивен резултат, но длабоко сме убедени дека ќе бидеме на највисоко ниво на следните натпревари и одново ќе имаме причина за славје пред полни трибини на Националната арена“, се вели во известувањето на ФФМ.

ПретходноПочина вардаровата ракометна легенда Владимир Михајловски – Папс
СледноБутел Скопје по она што не им успеа на битолачни во Европа!