„Google“ откри кој ќе игра во финалето на Мундијалот во Катар!

271

На два месеци пред почетокот на Светското првенство во Катар „Google“ случајно ги шокираше своите посетители објавувајќи ги имињата на двете репрезентации кои ќе играат во големото финале.

„Ако нешто не е на Гугл, тогаш не постои“, обично велат за најпопуларниот пребарувач на интернет. Дали ова ќе биде случај и за претстојното Светско првенство во Катар? Ќе дознаеме во повеќе од два месеци, но денеска „Google“ привремено ни „откри“ кој ќе се натпреварува во големото финале.

На „Google“ излезе информација дека на 18 декември на стадионот „Лусаил“ ќе се одигра натпревар меѓу Франција и Бразил.

Од најпопуларниот пребарувач на интернет ја сфатија својата грешка и брзо ја поправија, но веќе беше доцна, бидејќи беше направи скриншот.

 

Французите во Катар ќе пристигнат како актуелни светски шампиони. Во групната фаза на турнирот ги очекуваат Данска, Австралија и Тунис. Бразил ќе игра против Србија, Швајцарија и Камерун.

Нема дилема дека и двете репрезентации имаат толку многу талентирани и големи играчи што би можеле да се сретнат во финалето на Светското првенство. Но, кога станува збор за толку голем турнир како Светското првенство, невозможно е да се одредат фаворити и да се претпостави било што.

ПретходноМЗТ Скопје ослабен за Суперкуп пресметката со ТФТ!
СледноХарден: Колку ослабев? 45 килограми, напишете го тоа!