Бугарите ја “нападнаа“ и Спортмедиа!

2959

Толку фрустрации, толкав примитивизам, навистина нешто невидено. Ако синоќешните настани на Арената биле говор на омраза,каде се тие сега што така ги нарекуваат тие настани, за да се се стават во одбрана на нашиот портал Спортмедиа.мк?

Нашиот портал денеска е цел на „напади“ од страна на Бугарите.

Да, точно. Јасно е дека тоа се вербални напади, пцуења, гадости, мајки, шајки, племе, Бугари…и слични пораки и зборови кои може само умоболен или исфрустриран човек да ги смисли, да седне и да ги напише, секако и да ги прати на ФБ.

Од раните утрински часови на нашиот ФБ, пристигнуваат десетици и десетици такви гадости од граѓани на Бугарија, нивни фудбалски фанови, или луѓе – нелуѓе, што е крајно дегутантно. Првите пораки ни беа интересни, но потоа веќе не ги ни евидентиравме.

Прашуваа дали сме Бугари или Македонци? Па ние знаеме што сме. Но дали тие што праќаат такви пораки знаат што се?

Ни праќаа снимки од 1941 година…и слични глупости.

Од друга страна ние сме горди денеска. Горди сме што сме толку моќни. Моќни што нам ни пишуваат оние човечиња од истокот на ФБ, да ни се закануваат или пцујат мајки. Рекле старите ако не вредиш никој не те спомнува. И така е.

Горди сме што вчера, а посебно денеска речиси сите тамошни спортски медиуми во повеќе наврати нас не цитираа. Нашите анализи, нашите коментари и извештаи од натпреварот ги пренесуваа. Спортмедиа денеска е најцитиран македонски спортски портал кај тамошните портали. Убедливо најцитиран.

Им благодариме, а најмногу за она дека пред секој цитат стоеше…како што пишува еден од најголемите спортски медиуми кај нашиот сосед.

А за свирежите на химната и натаму сметаме дека тоа беше патриотски чин. Ако некој си поигрува со тебе, ако те прави будала или мисли дека те прави, ако поради својата фрустрација става вето за влез во ЕУ, ако те нарекува бугарин (ова намерно со мало б), ако вели дека ти не постоиш,дека Македонија е бугарија (исто со мало б), тогаш што сакаш.Како сакаш да те пречекаме?

ПретходноЛук Шо за Мегваер: Целиот свет е против него, никогаш не сум видел такво нешто
СледноМЗТ Скопје ослабен за Суперкуп пресметката со ТФТ!