ЛН: Мората ја однесе Шпанија на Ф4, Србија ја победи Норвешка за пласман во А-зоната (ВИДЕО)

150

Португалците беа на чекор до нов Ф4 во Лигата на нации, но Алваро Мората со гол во 88. минута и донесе злато вредна победа на Шпанија со која „црвената фурија“ се протна на првото место на табелата во групата и за бод го прескокна својот вечерашен ривал на патот до завршниот турнир каде ќе се решава прашањето за новиот освојувач на овој репрезентативен трофеј.

Во вториот меч од групата, Швајцарија со 2:1 беше подобра од Чешка и избори опстанок во А-зоната.

Standings provided by SofaScore

Во Б-сегментот, Србија со одлична игра ја порази Норвешка на гостински терен со 2:0 и се пласираше во А-зоната во следното издание на Лигата на нации. Победата за Србите ја обезбедија Влаховиќ и Митровиќ.

 

Во оваа група, Шведска и Словенија одиграа 1:1.

Standings provided by SofaScore

Шкотска оддолеа на нападите на Украина и со 0:0 го обезбеди пласманот во А-сегментот во следното издание на Лигата на нации. Во нивната група Ирска на „мускули“ ја совлада Ерменија со 3:2 за опстанок во Б-сегментот.

Standings provided by SofaScore

Албанија како за крај беше на чекор да ја обезбеди првата победа во годинешното издание на Лигата на Нации. Албанија до 97 минута водеше со 1:0, по што гостите преку Андерсон, сепак, успеаја да израмнат за конечни 1:1.

 

Standings provided by SofaScore

Во Ц-зоната, Косово со 5:1 го растури Кипар за второ место во групата, зад Грција која со 3:1 го совлада составот на С. Ирска и обезбеди пласман во Б-зоната во следното издание на ова натпреварување.

Standings provided by SofaScore

ПретходноНовата ѕвезда е родена: 19-годишниот Шешко го има голот на годината (ВИДЕО)
СледноМарк Гасол се враќа во Лига Ендеса, ќе игра за клубот чиј што е сопственик