Лук Шо за Мегваер: Целиот свет е против него, никогаш не сум видел такво нешто

224

Хери Мехгваер не може глава да крене од проблеми. Ајде што воопшто не е веќе прва стоперска опција во Јунајтед и е далеку од статусот на некаков битен играч, во репрезентацијата на Англија сеуште ужива статус на првотимец. Тоа малку му помогна вчера во ремито против Германија од 3:3, кога директно беше виновен за два гола.

Ама буквално целиот свет како да чекаше тој да погреши, што е и нормално, нема играч што не погрешил но очигледно дека Мегваер е светски прифатена мета за потсмев.

Во негова одбрана застана клупскиот но и репрезентативен колега Лук Шо кој вели дека не му е јасно како може целиот свет едноставно е против Мегваер.

„Ќе бидам искрен, периодот е тежок. Се подразбира дека Хари е извонреден фудбалер и извонреден лик. Сепак, тој добива многу критики, веројатно повеќе отколку било кој друг во фудбалот. Сепак, тој никогаш не се крие и секогаш е достапен“, изјави Шо за Би-Би-Си алудирајќи на тоа дека Мегваер стоечки ги прифаќа критиките.

ПретходноБутел Скопје по она што не им успеа на битолачни во Европа!
СледноБугарите ја “нападнаа“ и Спортмедиа!