Премиерот Ковачевски денеска во својот кабинет го прими младиот пливач Марко Пејчиновски, придружуван од директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски.
Ковачевски срдечно му ги честиташе на Пејчиновски досегашните пливачки успеси и упати порака дека Владата преку Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да ги поддржува младите успешни спортисти кои се силни промотори на спортска култура во државата.
Како знак на признание на Пејчиновски кој и покрај ретката болест постигнува извонредни спортски резултати, премиерот Ковачевски на младиот пливач му ја врачи одлуката за стипендија во износ од 200.000 денари, средства обезбедени преку Националната федерација „Спорт за сите”.
Со ова на овој млад спортист му беше укажана почит и благодарност за неговиот личен пример на пожртвуваност и високи спортски успеси кои Пејчиновски ги посвети на подигнувањето на свеста за лицата со ретки болести.
Неговиот последен спортски успех кој предизвика восхит, е препливувањето на делницата од 64 километри на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид.
На средбата беше разговарано и за идните спортски и професионални планови на младиот спортист и за заложбите на Владата за вложување во модерна, безбедна и пристапна спортска инфраструктура наменета за рекреативни.