Бурно е во Партизан во овие денови. Откако фудбалскиот клуб најави отцепување од спортското друштво, стигна и бламажа во Купот на Србија затоа што е елиминиран во 1/16 финалето од Раднички од Сремска Митровица (која е второлигаш).
Партизан водеше со 1:0 до 92 минута, а потоа Раднички изедначи и го однесе мечот во продолженија. Следуваа пенали во кои фудбалерите на Раднички погодија два пати, а оние на Партизан ги промашија сите удари од 11 метри. Па така Раднички направи сензација на својата стогодишнина од постоењето.
View this post on Instagram