Суперкуп трофејот кај дамите за Баскет Кам!

62

Вториот Суперкуп трофеј во женска конкуренција отиде во рацете на кошаркарките на Баскет Кам кои славе против со Бадел 1862 со 61-69. За тимот од Македонска Каменица ова е прв трофеј, лани им припадна на „баделки“.

Амадамовска со 21 поен, шест скока и четири асистенции беше прв стрелец кај победникот, на другата страна Метју имаше дабл-дабл учинок од 25 поени и 14 скока.

Почетокот на дуелот не најавуваше дека ќе гледаме интересна битка за Суперкуп трофејот. Баскет Кам лесно го скрши отпорот на противничките кошаркарки, поведе со 17-21 по првата четвртина, додека пак на одморот замина со позитива од 14 поени разлика (31-45).

Сепак избраничките на Перо Стамески на голема врата се вратија во третата четвртина во која одиграа фуриозно, постигнаа 16 поени, додека на другата страна Баскет Кам запиша само еден поен. Со слободните фрлања на Димитријевиќ, Бадел поведе со 47-45.

Николов и Адамовска со пет поени во низа го вратија водството, на стартот на последниот период нивниот тим имаше позитива од 47-51, нешто подоцна позитивата беше 51-61. Сепак „баделки“ се разбудија и на 1:41 до крајот сериозно се заканија, дојдоа на 61-64, а потоа во два наврати не реализираа од линијата за три поени за да израмнат.

На крајот Баскет Кам заслужено се радуваше на првиот трофеј во ова натпреварување.

ПретходноАмериканец ја засили КК Струмица
СледноФериери Капути е првата дама која ќе суди меч од Серија А