Претседателот на ПСЖ Насер Ал Келаифи во интервју за „Politico“ се прашува како успеа Барселона да ги реализира сите летни трансфери, а притоа беше во финансиски загуби. Ал Келаифи кој истовремено е претседател на Европската клупска асоцијација (ЕКА) и член на Извршниот комитет на УЕФА најави истрага за Барселона за сите летни трансфери на кои каталонскиот гигант потроши 200 милиони евра, а притоа се во огромен долг од 1,3 милијарди евра. Исто така газдата на ПСЖ се осврна и на креирањето на Суперлигата за која тој остро се спротиставува.
„ Дали е фер? Не, не е фер… Дали е легално? Не сум сигурен. Ако сега дозволат тоа ќе го направат и другите. УЕФА, се разбира, има свои прописи. Тие секако ќе прегледаат сè. УЕФА мора да реагира навреме.
Навистина сум убеден дека никој нема да дозволи да се случи Суперлигата. Мора да размислуваме за сите, не само за нас. Супер лигата важеше само за нејзините учесници. Никогаш не би се приклучил на таков проект“, прокоментира Ал-Хелаифи кој минатиот петок зборуваше за финансирањето на клубовите.
„Новите правила за финансиска стабилност се позитивен развој. Но, мора да бидеме внимателни. Опасните нивоа на долгови и магичните капитални аранжмани не се одржлив пат“, рече тогаш тој на состанокот со неговите европски фудбалски колеги.