ППД Загреб го доби дуелот со Порто и ја запиша првата победа оваа сезона. Хрватскиот тим предводен од Тимур Дибиров славеше со во рамките на третото коло во Лигата на шампиони. Екс-ракометарот на Вардар постигна 10 гола од 15 обиди.
Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски мечот го заврши со седум одбрани, на другата страна Дино Славиќ запиша 14 одбрани.
ППД Загреб беше подобар противник речиси во текот на целиот меч, ја имаше контролата на резултатот. Во првото полувреме одржуваше позитива од еден до три гола. На одморот беше 16-15. Порто во вториот дел двапати израмни 16-16 и 18-18, но ППД Загреб на крилата на голманот, Славиќ не му дозволи на гостинскиот состав да помисли на победа.
Порто на пет минути до крајот целосно капитулираше, а ППД Загреб поведе со 28-22 на две и пол минути до крајот за сигурна победа.
На втората средба во групата А, Веспрем го продолжи победничкиот поход, на домашен терен го совлада Динамо Букурешт со 33-30.