Репрезентацијата на Израел до 21. година во дополнителните квалификации за пласман на Евро 2023 година синоќа ја елиминираше Ирска. По голема борба, продолженија и пенали Израел успеа да го направи и постигне она што го посакуваше.
Во жарот на борбата и се она што се случуваше на теренот, камерите фатија кадар кој предизвика многу полемика.
Селекторот на Израел Гај Лизон во еден момент му удри шамар на својот играч Зив Морган. По мечот и во еуфоријата која следуваше потоа Лизон само изјави.
„Ма тоа не е ништо. Само го погалив по лице. И тоа од љубов. Ќе направиме се што е потребно за да се победи. Кога удирам шамар тоа се познава, ова не беше шамар“ – изјави селекторот на Израел.