Во рамките од подготовктие за Мундијалот во Катар, репрезентацијата на Аргентина синоќа оствари триумф од 3:0 над репрезентацијата на Јамајка. Мечот беше одигран во САД, пред околу 30.000 гледачи кои во поголемиот дел беа пристигнати за да го видат Лионел Меси.
И имаа што да видат. Ветеранот влезе на половина час пред крајот на мечот и постигна два прекрасни погодоци во финишот на дуелот. Претходно, Џулиан Алварез донеде водство за „Гаучосите“ уште во 13. минута.
Аргентина со ова го продолжи својот низ од 35 меча без пораз, а последниот се случи од Бразил на Копа Америка. Во тие 35 мечеви остварени се 25 победи.