Селекцијата на Аргентина синоќа со 3:0 успеа да ја победи Јамајка во пријателски натпревари. Два од тие три гола беа дело на Лео Меси, но еден секако е за одбележување. Оној од слободен удар со кој сега Аргентинецот е пред Роналдо во однос на постигнати голови од слободни удари на официјални натпревари. Па така сега Меси има 59 голови а Роналдо “само“ 58.
Инаку рекордер на оваа листа, иако не е официјална, е Жунињо Пернамбукано со 77 голови, веднаш зад него се и едни Марадона, Пеле, Бекам, Роналдињо…
Кога сме кај Меси да кажеме дека со тие два гола од синоќа, тој сега има вкупно 90 голови постигнато за својата Аргентина. Пред него се само Роналдо (Портигалија) со 117 и Али Дае (Иран) 109 голови.