МЗТ Скопје vs ТФТ во битка за Суперкуп трофејот!

115

Денеска во СЦ „Кале“ ќе се одигра Суперкупот во машка и женска конкуренција. Првиот официјален меч во историјата на ова натпреварување се одиграл во 1997 година помеѓу МЗТ Скопје и Работнички.

Суперкупот по пауза од пет години продолжи лани, а го носи името на легендарниот тренер Драган Василов – Цевка.

Бранител на трофејот е МЗТ Скопје, кој лани го совлада градскиот ривал Работнички. Актуелниот македонски првак за противник вечерва (19:30 часот) го има составот на ТФТ, кој лани го крена првиот пехар во својата историја – во Купот на Македонија.

Предноста е на страната на тимот од Аеродром кој веќе има искуство на ваквите мечеви, но и има најмногу трофеу, вкупно пет. На другата страна ТФТ покажа дека не треба многу историја кога мотивот е голем, па токму затоа денеска се очекува вистинска битка на теренот, која за двата тима ќе биде вистински тест пред стартот на возбудливата сезона.

По два Суперкуп пехари во машка конкуренција имаат Работнички и Николферт, еден има Струмица.

Кај дамите историјата е кратка. Ова ќе биде втора Суперкуп пресметка, а на теренот ќе ги видиме најголемите конкуренти од изминатиот период Баскет Кам 2011 и Бадел 1862. Мечот е закажан во 17 часот.

И двете средби ќе биде директно пренесувани на МТВ.

ПретходноПобеда испишува историја во Северна Ирска
СледноМладиот пливач Марко Пејчиновски доби стипендија од државата во износ од 200.000 денари!