Синоќа репрезентацијата на Србија воодушеви со настапот во Осло, победата над Норвешка и пласманот во елитната група од Лигата на Нациите. Сето тоа е крунисано со настап и на претстојниот Мундијал во Катар, а најголема заслуга за тоа има напаѓачот Александар Митровиќ кој игра во фантастична форма во моментов. Постигна три гола против Шведска на „Рајко Митиќ“, а вчера еден во триумфот од 0:2.
Со овие погодоци тој стигна до бројката од 50 погодоци за националниот тим, и е само еден од 70. на сите времиња на кои им успеало тоа. За Митровиќ ова беше 76. меч за националниот тим на Србија, и овој подадок го кажива следното.
Дека Митровиќ во оваа категорија е подобар од најголемите фудбалски звезди од типот на Кристијано Роналдо кому за да постигне 50 гола во националниот тим на Португалија му беа потребни 114 мечеви. На Лионел Меси пак 107. На легендата на Франција, Тијери Анри пак 113 мечеви.