Македонскиот младински шампион, тимот на Победа вечерва претрпе пораз на гостувањето во С.Ирска. Колерајн со 3:2(1:2) успеа да слави на свој терен во првиот меч од 1.коло во Младинската лига на УЕФА. Штета, посебно ако се знае дека првите 45.минути младинците на Победа имаа водство од 1:2.
Сепак ништо не е загубено, Победа во реваншот ќе го бара пласманот во следната фаза во ова натпреварување, во кое за првпат учествува.
Инаку мечот не започна според посакувањата на младите прилепчани.Имено во уште во 5.минута Колерајн со голот на Патон успеа да дојде во водство од 1:0. Сепак тоа не ги поремети нашите фудбалери.Победа почна да игра квалитетно, да создава шанси и во финишот на првиот дел постигна два гола. Прво во 42.минута стрелаше Тодороски, откако претходно беше изведен скратен корнер по левата страна, за да во 45+1.минута по една опасна контра Победа поведе со вториот гол на Филип Тодороски.
Треба да се каже дека во 39.минута судијата од Велс не сакаше да досуди чист пенал за Победа.
Исто како и во првото, така и во второто полувреме на почетокот. Победа во 52.минута прими гол за 2:2, стрелаше Кемпбел.Седум минути подоцна Колерајн одново е во водство,Ватон погоди за 3:2.
Во продолжение Победа се обидуваше да дојде барем до реми, имаше и неколку закани, но сепак на крајот беше поразена од Колерајн со 3:2.
Составот на Победа за овој меч беше: Мариновски, Ѓорчески (56.Нанчески), Шиков, Кофилоски (71.Крстески), Поп-Антоски, Аризанкоски, Кочоски, Јакопетрески (85.Варошаноски), Тошески,Тодороски, Дебрешлиоски.
Реваншот се игра на 5 октомври во Скопје.