Не и се гине за Путин: Легендарната Давидова побегна од Русија!

1051

Како што јавуваат медиумите во Русија, Анастасија Давидова, генералната секретарка на ОК на Русија, како и петткратна олимписка победничка, легенда на рускиот спорт, побегнала од земјата.

Се разбира дека ова е голем шок за тамошните власти, пред се за претседателот Владимир Путин кој деновиве спроведува мобилизација на околу 300.000 руски граѓани за војната во Украина. Голем дел од познатите спортисти веќе добија повици, некои побегнаа, додека многу мал дел се одзваа на повикот.

Оваа вест ја потврди Руската агенција ТАСС. Интересно е тоа што Давидова ги информирала своите колеги од ОК на Русија дека нема намера да се враќа во својата земја.

ПретходноСмилковски: Се надевам дека после Купот, ќе можеме да дојдеме и до трофејот од Суперкупот!
СледноМеси сега е пред Роналдо по бројот на постигнати голови од слободни удари!