Победник на годинешното издание на Суперкупот, кој го носи името на легендарниот тренер „Драган Василов Цевка“ е МЗТ Скопје. Актуелниот македонски првак одигра далеку подобро од својот конкурент, на моменти имаше падови, но добро знаеше да се извлече од секоја ситуација.
Александар Петровиќ смета дека победата е целосно заслужена.
„Заслужено победивме, ТФТ се обидуваше да се врати, но ние имавме контрола во текот на целиот меч. Мислам дека ова беше убав меч за гледање, со многу поени на крајот на двете страни“, беше првиот коментар на Александар Петровиќ по триумфот, а потоа веднаш победата ја посвети на своите тројца големи пријатели и кошаркарски имиња, кои прерано го напуштија овој свет.
„Сакам победата да ја посветам на Анте Дуковски, Маки Лазаовски и Драган Василов, сите тројца беа мои блиски пријатели“.