Денеска младинскиот погон на Победа, инаку шампион на Македонија испишува историја. За прв пат ќе настапи на интернационална сцена како наш претставник во УЕФА младинската лига.
Денеска од 20:30 часот на гостински терен во Северна Ирска против тимот на Колераин се игра првиот од двата дуели против овој противник.
Се работи за релативно непознат противник за кого реално и не може да има информација, туку едноставно да се оди и да се одигра најдобро што може.
Овој дуел малку доцни од предвидениот термин, затоа што прилепчани имаа проблем со вадењето на визите.
Реваншот се игра на стадионот во Битола за една недела.