Скалони ќе биде селектор на Аргентина уште четири години!

71

Лионел Скалони, актуелниот селектор на Аргентина ќе ги предводи “гаучосите“ и во наредните четири години. Скалони, кој досега имаше одлични резултати со тимот во кој што Меси е прва ѕвезда, е награден со нов четиригодишен договор од страна на Фудбалската федерација на Аргентина. Па така тој најмалку до 2026 година ќе биде предводник на А- репрезентацијата на Аргентина.

Да споменеме дека според сите прогнози, четата на Скалони е еден од најголемите фаворити за првото место на СП во Катар кој ќе започне за помалку од два месеци.

ПретходноМитревски и Порто по прва радост против поранешниот македонски селектор!
СледноГрупа со Унгарија, Финска, Исланд, Гибралтар е идеална за Македонија на ждрепката во квалификациите за ЕП 2024!