Смилковски: Се надевам дека после Купот, ќе можеме да дојдеме и до трофејот од Суперкупот!

84

Боро Смилковски и неговиот ТФТ имаа шанса да се проверат во европски рамки, беа организатори на квалификацискиот турнир за ФИБА лигата на шампионите. Тимот од Тафталиџе од година во година созрева, а за тоа говори фактот дека ќе биде дел од АБА 2-лига.

Исто како и за МЗТ Скопје, така и за нив, Суперкупот ќе биде вистинска слика за силите.

„Суперкуп на Македонија, за нас уште еден од низата натпревари кои може да ни ја појаснат сликата за оваа наша ‘нова’ екипа – пред почетокот на лигашките натпревари како и пред почетокот на АБА 2 лигата – натпреварувања кои се наш приоритет оваа година. Истовремено, натпревар за трофеј што секогаш дава дополнително значење и сигурен сум дека иако истиот има претсезонски карактер дека и двете екипи ќе влезат максимално концентрирани и подготвени во обид да излезат како победник од истиот“.

Фаворитската улога ја има МЗТ Скопје, но ТФТ секогаш оди по трофејоѕ.

„Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е фаворит, АБА 1 лигаш и сериозна екипа која што одлично ги одработе подготовките, со исклучок на последниот натпревар против ПАОК. Имавме можност да гледаме дел од натпреварите, и иако на моменти покажаа супериорност во однос на ривалите, сепак како и секој имаат и свои слабости кои ние ќе пробаме да ги искористиме на денешниот натпревар. Нè очекува едно силно темпо и доколку успееме да ја исконтролираме нивната агресивност, парираме во скокот и имаме една шутерска вечер – се надевам дека после Купот, ќе можеме да дојдеме и до трофејот од Суперкупот на Македонија.

Ова е една одлична можност за презентација на двете екипи пред своите поддржувачи и искрено се надеваме на одличен натпревар во еден вистински кошаркарски амбиент“.

ПретходноСупер вест за Реал: Бензема од денеска на тренинзи со “кралевите“!
СледноНе и се гине за Путин: Легендарната Давидова побегна од Русија!