Суарез не може да поверува што му направија неговите Уругвајци! (ВИДЕО)

522

 

Луис Суарез е икона на фудбалот во Уругвај. Еден од најдобрите фудбалери во историјата на таа земја. Долги години репрезентативец на репрезентација, но сепак по се изгледа дека за Уругвајците најважно е ривалството меѓу Насионал и Пењарол. Токму затоа Суарез е шокиран.Имено фановите на Пењарол ја уништиле статуата со неговиот лик во градот Салто, каде што е роден “Ел Пистолеро“ и само поради тоа што тој сега настапува за Насионал. Проблемот е уште поголем ако се знае дека на таа статуа тој е во дресот на Уругвај.

Неколку учесници на немирите биле уапсени, но сега Суарез не крие дека е згрозен од случката.

А се требало да биде славенички, откако фановите на Пењарол го прославувале 131 роденден на својот омилен клуб.

 

ПретходноСтефан Ристовски го бодреше ППД Загреб против Порто на Митревски (ФОТО)
СледноДамјан: Важно ни беше да го освоиме Суперкупот!