Супер вест за Реал: Бензема од денеска на тренинзи со “кралевите“!

71

Карло Анчелоти и да сакаше не можеше да добие поубава вест во однос на неговиот Реал Мадрид. Имено најдобриот фудбалер и капитен на “кралевите“, Карим Бензема, денеска почна со тренинзи со останатиот дел од тимот и ќе биде во комбинација за неделниот меч со Осасуна во рамките на 7.коло во Ла Лига.

Да потсетиме дека Бензема беше во „аут“ поради повреда на бутниот мускул. Токму поради тоа капитенот не беше во тимот на Реал Мадрид на последните неколку натпревари на европскиот шампион, а не беше ни во составот на репрезентацијата на Франција на мечевите во Лигата на Нации.

Image

ПретходноРадуљица е „црвено – бел“: Ц.Звезда со големо засилување пред саботниот меч со МЗТ Скопје!
СледноСмилковски: Се надевам дека после Купот, ќе можеме да дојдеме и до трофејот од Суперкупот!