И официјално се знае дека СП во фудбал во 2026 година ќе се одржи во три земји, и тоа во САД, Канада и Мексико. За првпат еден Мундијал ќе се одржи во повеќе од две земји, па ќе видиме на што тоа ќе личи. Да се потсетиме дека во 2002 година СП се одржа во Јапонија и Ј. Кореја.
Инаку финалето на Мундијалот во 2026 година, барем според денешните информации на ЕСПН, ќе се одржи во Далас на стадионот на Далас Каубојс, тим од НФЛ. Овој стадион моментално прима 80.000 гледачи, но за потребите на Мундијалот капацитетот ќе се зголеми за уште 20.000 гледачи, па така финалето ќе се одржи пред импресивни 100.000 гледачи.
ФОТО: Twitter