Кристијано Роналдо е икона на фудбалот во Португалија, па и пошироко. Тој е најдобриот фудбалер во историјата на таа земја, еден од најдобрите во историјата на фудбалот во светот, но сега Роналдо е далеку од посакуваната форма. Капитенот на Португалија на помалку од два месеци од Мундијалот во Катар, е во очајна форма. А свијата нервоза ја манифестира со фрлање на капитенската лента, како што беше тоа случај на мечот си Шпанија. Иако таква „епизода“ имаше и пред две години во Белград.
Токму поради тоа денеска во тамошните медиуми се бара, а и јавноста тоа го бара, Роналдо да биде исфрлен од првиот состав на А- репрезентацијата на Португалија. Главната причина за тоа барање е дека тој не е ни бледа сенка на оној Роналдо од пред една година.
Сите поголеми весници денеска излегоа со целосна анлиза за неговата форма, и како заклучок стои дека е време тој да седне на клупата. Инаку социјалните мрежи “вријат“ во Португалија, фановите сметаат дека Роналдо не е веќе тој Роналдо што тие го знаат.