Американец ја засили КК Струмица

156

Повратникот во најсилната македонска кошаркарска лига, тимот на Струмица ја исполни квотата за странски играчи откако го ангажира американскиот кошаркар Ајзак Асрат. Тој е 25-годишен плејмејкер кој минатата сезона ја поминал во тимот на Тибети во грузиското првенство.

Одиграл 24 меча со ефект од 16 поени, 3,7 скока и 5,8 асистенции.

Струмица покрај Асрат ги има и странците Стефан Крстајиќ и Светозар Стаменковиќ од Србија и Ефе Бешок од Турција.

 

ПретходноАл Келаифи најави истрага за Барселона за сите летни трансфери
СледноСуперкуп трофејот кај дамите за Баскет Кам!