Брегот на Слоновата Коска го побара Весли Фофана

190

Дефанзивецот на Челзи, Весли Фофана и официјално е контактиран од страна на фудбалскиот сојуз на Брегот на Слоновата Коска за да настапува за оваа земја. Фофана е роден во Франција од мајка французинка, и татко до БСК. Згора на тоа нема настапено за сениорскиот тим на „Триколорите“ иако беше дел од нивните младински селекции, па како таков е достапен да ги смени националните бои.

Според информациите во моментов, Фофана сеуште претпочита да биде дел од репрезентацијата на Франција, но реално, конкуренцијата во неа е огромна. Па така, тој би бимал далеку полесна задача да настапи на едно големо натпреварување од типот на Светското првенство, доколку се одлучи за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска.

 

ПретходноМитровиќ е подобар од Меси, Роналдо, Анри… (ВИДЕО)
СледноГалатасарај е заинтересиран за Виктор Линделоф