На 54 денови пред стартот на СП во Катар, денеска и официјално од страна на Фудбалскиот сојуз на Аргентина беше потврдено дека сите билети кои оваа земја ги добила за претстојниот Мундијал, биле распродадени.
Па така Аргентина е првата селекција или земја која може да се пофали дека ги продала сите билети за мечевите на Меси и другарите во Катар.
Инаку медиумите во таа земја шпекулираат дека околу 40.000 фанови на селекцијата на Аргентина ќе престојуваат во Катар на Мундијалот во време додека нивните миленици ќе ги играат мечевите.