Група со Унгарија, Финска, Исланд, Гибралтар е идеална за Македонија на ждрепката во квалификациите за ЕП 2024!

2070

Сега се знае. И дефинитивно нашата А-репрезентација на ждрепката во квалификациите за следното ЕВРО 2024 година, која ќе се одржи на 9 октомври во Франкфурт, ќе се најде во четвртиот шешир. Јасно е дека нема слаби репрезентации, сега сите знаат да играат и тоа како добар фудбал. Но исто така е јасно дека има и посакувана или идеална група за нас, но и онаа најнепосакувана.

Македонија и дефинитивно нема за ривали да ги добие од својот, чертвтиот шешир, па така ајде малку да си “играме“ со тоа која е најпосакувана или идеална група, а која е навистина страшна за нас, или најнепосакувана група.

Да кажеме и тоа дека ќе има десет групи, седум со по пет селекции а три со по шест. Само првите две од секоја група ќе се пласираат на ЕВРО 2024 кое ќе се одржи во Германија.

ПОСАКУВНА ГРУПА:

-Унгарија, Финска, Исланд, МАКЕДОНИЈА, Гибралтар, Сан Марино

НАЈНЕПОСАКУВАНА ГРУПА:

-Шпанија, Франција, Норвешка, МАКЕДОНИЈА, Словачка, Лихтенштајн

ШЕШИР-1:

-Холандија, Хрватска, Шпанија, Италија, Данска, Португалија, Белгија, Унгарија, Швајцарија, Полска

ШЕШИР-2:

-Франција, Австрија, Чешка, Англија, Велс, Израел, БиХ, Србија, Шкотска, Финска

ШЕШИР-3:

-Украина, Исланд, Норвешка, Словенија, Р. Ирска, Албанија, Ц. Гора, Романија, Шведска, Ерменија

ШЕШИР-4:

-Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, Ф. Острови, МАКЕДОНИЈА

ШЕШИР-5:

-Словачка. С. Ирска,Кипар, Белорусија, Литванија, Гибралтар, Естонија, Летонија,Молдавија, Малта

ШЕШИР-6:

-Андора, Сан Марино, Лихтенштајн

ПретходноСкалони ќе биде селектор на Аргентина уште четири години!
СледноАматерската репрезентација на Македонија ќе учествува на Regions Cup во Италија!