МЗТ Скопје го освои петтиот трофеј во Суперкупот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

196

Суперкуп трофејот во машка конкуренција му припадна МЗТ Скопје на кој славеше со 100-82 против ТФТ. Тимот од Аеродром ја продолжи доминацијата во ова натпреварување, дојде до петтиот пехар.

За избраниците на Александар Петровиќ победата доаѓа во вистински време, пред стартот на сезоната во АБА-лига, во која ќе бидат гости на Црвена Звезда на гостински терен.

Мицовиќ со 21 поен беше прв стрелец кај победникот, Дамјан и Кефи имаа по 18 поени, додека на другата страна Андерсон имаше 20 поени.

Актуелниот македонски првак се чинеше дека лесно ќе го добие дуелот против тимот од Тафталиџе. По само осум минути игра имаше предност од 24-11, па 27-13 со тројката на Дамјан Стојановски. По првиот период беше 29-14.

Избраниците на Александар Петровиќ продолжија во ист ритам и во втората четвртина, имаа плус 18 (40-22) и плус 17 (47-30). На одморот ТФТ успеа да намали на 47-34.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија предводен од Андерсон намали на 53-44, но МЗТ Скопје одново влезе во силен ритам, па зголеми на 69-48 во 28 минута. По едно вакво издание, тимот од Аеродром падна, доволна причина за да се издигне противникот.

На стартот на последната четвртина беше 73-63, Крстевски и Патрик за недела минута намалија на 73-68. Агонијата во редовите на МЗТ Скопје ја прекина Мицовиќ, кој до сега се покажа како добро засилување. На него се надоврза Војдан Стојановски со три поени ја врати двоцифрената предност, 83-71 на четири минути до крајот.

ТФТ кратко се врати, Костоски и Ташовски погодија тројки за 85-80. Но, Мицовиќ и Војдан не дозволија изненадување, се погрижија дуелот да заврши без драми, зголемија на 92-82.

ПретходноХамилтон: Нема да биде крај на светот ако сезоната ја завршам без победа!
СледноСмилковски по поразот од МЗТ Скопје со замерки за судиите!