Британскиот возач Луис Хамилтон, седумкратен светски шампион во Формула 1, сметка дека нема да биде „крајот на светот“ доколку ја заврши сезоната без да ја освои шампионската титула.
„Остануваат уште шест трки, така што шест шанси за победа“, рече Хамилтон, кој секогаш победувал барем по една Гран При по сезона од неговото деби во Формула 1 во 2007 година.
„Ако не успееме, не е крај на светот. Ќе се вратиме на врвот“, додаде возачот на Мерцедес.
Хамилтон, рекордерот по бројот на победи во Формула 1 (103), исто така одби да ја опише тековната сезона како „мрачен период“.
Британецот, кој теоретски веќе не може да му се закани на Верстапен на првата позиција, призна дека 2022 година била „една од најтешките“ сезони во неговата кариера.
Хамилтон додаде дека главна цел во моментов е неговиот тим Мерцедес да стигне до второто место во поредокот кај конструкторите.
Мерцедес моментално е на третото место со 371 бод, зад Ферари кој е на втората позиција со 406 бодови. Водечка екипа во конструкторскиот поредок е Ред Бул.