Еден од најдобрите дефанзивци во светот во моментов, Холанѓанецот во дресот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк, за новинарите откри една тајна од неговата исхрана за да биде постојано во оптимална форма.
Ван Дајк вели дека со години пректикува еден совет кој го добил од еден од најдобрите нутриционисти кои работат во светскиот фудбал.
„Имам само едно правило кога се пијалоците во прашање – вода! Газираните пијалаци не се опција за мене. Само вода. Додека беше кај нас Џини (Вајналдум) ме викаше ’Аквамен’ затоа што пијам само вода и тоа е се што имаме и во куќата. Одвреме-навреме знам да се напијам чаша вино со сопругата кога сме излезени. Газирани пијалоци не сакам, а не им се допаѓаат ниту на моите деца“, вели Холанѓанецот.