Има што да си кажат: Пикси и Дејо на ручек во Будва!

1272

Србија предводена од селекторот Драган Стојковиќ Пикси во последно време реди успеси. Откако славеше во Осло на гости кај Норвешка, Србите се пласираа во А Лигата на Нации. Сега се во очекување на стартот на Мундијалот во Катар.

Кога е време за работа за Стојковиќ нема дилеми, се работи максимално, но кога е време за одмор Пикси знае и тоа како да се релаксира, Па така тој деновиве е на мини – одмор во Будва, а од таму на своите социјални мрежи сподели фотографијаде каде заедно со Дејан Савичевиќ се на ручек и јасно е дека се релаксираат.

Веројатно Дејо сакаше од прва рака да дознае како тоа на неговиот некогашен соиграч од Ц. Звезда и репрезентацијата на екс – СФРЈ му тргна од рака фудналски да ја “разбуди“ својата репрезентација.

Инаку Дејо веќе неколку години е прв човек на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.

ПретходноРакометарките загубија на првиот тест со Норвешка Б
Следно16-годишни фудбалери на Полска пијани на репрезентативен тренинг камп