Познат психолог тврди: Роналдо има проблеми во животот, разговаравме два часа!

671

Кристијано Роналдо побарал помош од психологот Џордан Петерсон, Канаѓанец кој често важел за голем десничар. Португалецот пред две недели објави фотографија со Петерсон на „Инстаграм“, но не објасни зошто се заедно. Психологот накратко зборуваше за нивната средба во емисијата на Пирс Морган.

“Пред неколку месеци имаше проблеми во животот. Еден пријател му испрати некои од моите видеа. Тој рече дека ги гледал, потоа ја прочитал мојата книга за која мисли дека му помогнала, а потоа сакал да разговараме. Дојдов на тој и разговаравме околу два часа.

Ми ја покажа опремата што ја користи за да остане во топ форма, разговаравме за неговите компании… Главно за тоа што сака во иднина и за пречките со кои се соочува“, изјави Петерсон, кој како доктор не смее да открива детали.

Оваа сезона Роналдо на 37 години постигна еден гол на осум настапи за Манчестер Јунајтед. Тоа беше во Лига Европа против Шериф, додека во англиското првенство се уште се нема запишано меѓу стрелците.

Тренерот Ерик Тен Хег не го гледа како прва опција, а во текот на летото Роналдо се обиде да најде нов клуб, кој игра во Лигата на шампионите. Не успеа и остана во Јунајтед, со кого има договор до летото 2023 година со опција за продолжување на уште еден.

ПретходноДамјан: Важно ни беше да го освоиме Суперкупот!
СледноЗа прв пат после 110 години во Серија А ќе биде испишана историја!