Стручниот штаб на косовскиот лигаш Лирија од Призрен кој го води нашиот Џенгис Реџепи, од пред неколку дена е побогат за уште еден член. Шабан Сулиман е негов нов помошник, а клубот чиј што претседател е познатиот косовски фудбалски работник и менаџер Рахман Киче има амбиција сезонава да биде најдобар во својата конкуренција.
Поточно, како еден од најтрофејните клубови во Косово, Лирија има не само амбиции туку и задача сезонава да се врати во елитата, односно во првата лига. Конкуренцијата е силна но нашиот тренерски двоец верува дека квалитетот ќе исплива на површина и дека сезоната на крајот ќе биде успешна.