Билетите за дуелот со Партизан во понеделник, терминот на мечот сеуште непознат

235

Од менаџментот на МЗТ Скопје Аеродром на денешната прес конференција објавија дека за претстојниот меч од второто коло од АБА лигата против тимот на Партизан, кој се игра на 10 октомври, билетите ќе бидат пуштени во продажба во понеделник. Цената на истите зависи од самиот билет, и дополнително ќе бидат објавени следниов викенд.
Како втора многу важна информација е онаа која вели дека самиот термин на одигрување на мечот е сеуште непознаница затоа што за истиот одлучуваат водството на АБА лигата односно медиумскиот покровител на лигата Арена. Има неколку опции во игра, како на пример оној од 16:00 часот, што е малку неадекватен и тоа за работен ден.

ПретходноРистовска: Се надеваме дека ќе бидеме наследници на генерацијата на Нацева и ќе направиме успех!
СледноНикола Карабатиќ размислува дали да го продолжи договорот со ПСЖ!