Зенку за една година смени три репрезентации

411

Дека македонскиот фудбалски национален тим е мамец за многу млади фудбалери периодов, кои преку него се обидуваат да се стекнат со статус на репрезентативци и со самото тоа да изградат кариера уште како млади не е тајна. Сепак, кога станува збор за Шабан Зенку, младиот фудбалер на германска Борусија Менхенгладбах играњето за репрезентација е факт кој го крена на едно сосема поинаку нив.

Момчето родено во Кичево во 2004 година, за една година заиграл не за една, не за две туку за три репрезентации. Најпрво заиграл за Косово У18, секако на пријателски дуел, за да потоа се „пресели“ во Албанија и настапи за нивниот У18 тим, а на крајот, за У19 репрезентацијата на Македонија забележи настап и истиот го одбележи со гол.

За среќа на Зенку сите овие мечеви се пријателски па тој сеуште има можност да одбере за кого точно ќе настапува.

ПретходноАндоновски ментор на нашата селекторка Милеска
СледноШабан Сулиман во стручниот штаб на Лирија Призрен