И тоа го има во Македонија, во нашиот спорт, во државните органи. Имено, како што се пофалија од АМС, во посета на Агенцијата на млади и спорт и во посета на директорот Наумче Мојсоски, бил Никола Раџен. Контраверзна личност, кој од страна на АМС е претставен како врвен спортист и голема светска спортска легенда. Тој и Мојсовски размениле искуства, а Раџен имал и некакви си идеа за унапредување на спортот во Македонија.
Арно ама…
Вистина е дека Раџен бил некогаш врвен ватерполист и член на репрезентацијата на Србија, ама тој Раџен предвреме ја заврши својата кариера поради користење на кокаин. Позната е таа афера од 2015 година кога сите балкански, па и наши медиуми, пишуваа за тоа.
Се разбира дека ова е голем кикс на Наумче, невиден кикс. Мојсовски мора да сфати дека тој може извесниот господин да го прими во некој скопски ресторан на пријателска база, но не и во официјална посета во една државна институција.
Посебно не ако се знае што за Никола Раџен се пишуваше во последно време во српските таблоиди. Имено тој често се поврзува со претепување на личности од понежниот пол. Барем според пишувањата во медиумите кај нашиот северен сосед во април оваа година.