Либерасион: Ал Келаифи обвинет за киднапирање и изнуда!

179

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, наводно е обвинет за киднапирање и изнуда, пренесува парискиот весник „Либерасион“.

Во најновото истражување на овој медиум за Ал Келаифи, се дозна дека тој бил еден од учесниците во изнудата и затворањето на француско-алжирскиот бизнисмен Таиб Б, кој беше уапсен на 1 ноември 2020 година под сомнение дека има доверливи информации за имињата на лицата вклучени во нелегалните избори за да Катар го добие Светското првенство. Меѓу тие имиња е и Насер Ал Келаифи.

Откако адвокатите на Ал Келаифи, под силен психолошки притисок ги предале тие документи, бизнисменот е ослободен. Според француските медиуми, апсењето било мотивирано од катарскиот емир.

Забележано е дека овој бизнисмен бил француско-алжирски државјанин кој во тоа време живеел во Катар со своите деца и сопругата.

ПретходноПелистер преку првакот на Бугарија до финале во Ботевград
СледноВо Интер се врати здебелен, но сега позираше во боксери и покажа нереална трансформација!