Мукаетов: Ја повикувам македонската јавност да дојде во голем број, да ги бодриме репрезентативките и воедно да уживме во врвен ракомет!

231

Женската македонската ракометна репрезентација ситно брои до стартот на Европското првенство кое ќе се одржи во три земји: Македонија, Словенија и Црна Гора.  Македонија е во група со Франција, Холандија и Романија, ова натпреварување стартува на 4 ноември.

Денеска на прес-конференција се обрати првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.

„Во периодот од 4 до 20 ноември се одржува ЕП за сениорки во Словенија, Македонија и Црна Гора. За нас е голем предизвик и чест што можеме да бидеме организатори, ова е најголемиот настан кој се случува во Македонија. Ние сме во група со Франција, Холандија и Романија, во вториот круг доаѓаат репрезентациите со висок квалитет. Апелирам до сите љубители на ракометот да дојдат им дадеме поддршка на ракометарките, на стручниот штаб. Ја повикувам македонската јавност да дојде во поголем број да ги бодриме нашите репрезентативки, воедно во живо да ги видиме најдобрите европски ракометни репрезентации. Да уживаме во европски ракомет.

Се координираме со Словенија и Црна Гора и ЕХФ, сите заедно ден за ден работиме околу плановите и активностите. Ова е коорганизација на три држави, треба да се синхрозирираат. Благодарност до Владата која се зафати да ги досреди сите работи во СЦ “Борис Трајковски“ кои треба да се корегираат. Треба да покажеме дека сме подготвени да организираме врвен настап на европско ниво.

Ќе го промовирме Скопје, македонскиот ракомет“, ја отвори прес-конференцијата Живко Мукаетов.

ПретходноПоради Барселона, Ал Келаифи е подготвен да направи супер тим од друг европски клуб!
СледноПетровиќ: На мака се познаваат јунаците, АБА лигата е силна, а ние ќе се бориме на секој меч за нова победа