Француските медиуми открија изненадувачка вест. Никола Карабатиќ, еден од најдобрите ракометари на денешницата размислува дали да го продолжи договорот со ПСЖ по завршувањето на оваа сезона.
Причината не е незадоволство, „Ле Парисиен“ пишува дека Карабатиќ размислува да ја заврши кариерата откако ќе му истече актуелниот договор со францускиот првак во јуни.
Доколку неговата одлука се движи во таа насока, тој нема да биде дел од Олимписките игри 2024 година кој ќе се одржат во Париз. На сите добри работи се чини им доаѓа крајот…