Како што пренесуваат мадридските медиуми во редовите на Реал владее вистинска паника, сите се плашат дека би можеле да останат без еден од главните играчи, кој сака да стави крај на својата кариера.
Станува збор за Тони Крос, кој има договор уште година дена со „кралевите“, а веќе неколку пати одбил да го продолжи истиот.
Неговата официјална причина е што сака да види каква ќе биде неговата улога во тимот, но сега во Мадрид се сомневаат дека му е доста од фудбалот.
Овој 32-годишен играч порасна во Баерн и таму играше до 2014 година, пред да се пресели во Реал, каде е веќе осум години. За Реал одигра 373 натпревари, освои три првенствени титули, четири Лига на шампиони, три европски Суперкупа и четири Светски првенства во ФИФА.
Карло Анчелоти на секој начин се обидува да го убеди да остане во тимот и да продолжи да доминира во тандем со Лука Модриќ. Хрватот и Германецот не успоруваат и покрај годините, а сега Анчелоти полека ги ротира со Камавинга, Валверде и Чуамени, но тие се уште не се вистински замени за Крос.
Затоа Реал сака овој двоец да остане во клубот, додека не го комплетираат купувањето на англискиот играч за врска Џуд Белингем, кој е најголема желба на тимот.