Кошаркарите на Пелистер загубија од бугарски Спартак Плевен во финалето на турнирот „Георги Христов“ кој се одржа во Ботевград. Во салата „Арена Ботевград“, Спартак победи со 94:89 (18:24, 30:25, 26:23, 20:17), додека во битката за третото место домаќините Балкан, претходно денеска го совладаа Черноморец со 78:76.
Резултатот беше изедначен до пред самиот крај, кога домашните успеаја да направат мала разлика која ги донесе до победа. Чернокожев и Стојанов беа први стрелци кај Спартак со по 19 поени, додека Сеад Хаџифеизовиќ и Донтеј Карутерс постигнаа по 17 поени за тимот на Пелистер.