Пелистер преку првакот на Бугарија до финале во Ботевград

120

Кошаркарите на Пелистер продолжуваат со пријателските натпревари пред стартот на новата сезона во која покрај домашните обврски ќе настапуваат и во АБА2-лига.

Избраниците на Марјан Илиевски во полуфиналето на турнирот „Георги Христов“ во Ботевград во полуфиналето го победија првакот на Бугарија во неговата домашна арена со 71-76.

Македонскиот вицепрвак за противник во финалето го има тимот на Спартак Плевен, дуелот се игра вечерва.

Полуфинале
Спартак Плевен – Черноморец 86-85
Балкан – КК Пелистер 71-76

Натпревари за пласман (четврток – 29 септември)
16:30 – Черноморец – Балкан
19:00 – Пелистер – Спартак Плевен

ПретходноПаника во Реал, клучниот играч сака да ја заврши кариерата!
СледноЛиберасион: Ал Келаифи обвинет за киднапирање и изнуда!