Женската ракометна репрезентација на Македонија, денеска го одигра првиот пријателски натпревар против Б-составот на Норвешка и загуби со 27:26. Мечот беше од затворен тип.
Македонија подобро го отворила мечот и обезбедила предност на полувреме од три гола разлика (17:14). Сепак, во вториот дел Норвежанките успеале да направат целосен пресврт за минимална победа.
Вториот контролен меч помеѓу овие две селекции во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје ќе биде в сабота од 16.00 часот.