Ристовска: Се надеваме дека ќе бидеме наследници на генерацијата на Нацева и ќе направиме успех!

118

Сара Ристовски ќе биде еден од нашите лидери на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во три земји, а една од нив е Македонија. Таа им се заблагодари на првите луже на РФМ што го прифатија предизвикот да го организираат еден голем настан како што е континенталното натпреварување.

Нашите ракометарки ќе играат во силна група против Франција, Холандија и Романија.

„Би се вратила десет години наназад, игравме квалификации и претквалификации, им благодарам на РФМ што го прифатија предизвикот да играме на големо првенство. Лично за себе, немам играно со репрезентација на вакво натпреварување. Голема благодарност од сите ракометарки.

Имаме големо подмладување, беше тешко да се биде дел меѓу најдобрите, сега е полесно бидејќи селекторот Савевски им дава шанса на сите, се гледа голем напредок, бидејќи тренираме често. Мислам дека тоа ќе се види на ова првенство кое ќе има големо влијание за развој во македонскиот ракомет.

Првенството го играме дома и ќе биде голема мотивација. Ќе биде голем плус за развој на македонскиот ракомет, мора да се мотивираме бидејќи има доста талентирани ракометарки и се надевам дека ние ќе ги наследиме генерацијата на Нацева и ќе направиме успех.

Би сакала да немаме притисок, ние сме подготвуваме, важно е дали ние сме задоволни од тоа што го тренираме. Би сакала да имаме голема поддршка постојано, да не бодрите, се надевам на голем успех во иднина. Дај боже тоа да го направиме на ова првенство“, изјави Сара Ристовска. 

Избраничките на Љубомир Савевски во рамките на ЕХФ неделата ќе одиграат два пријателски мечеви против Норвешка. Првиот на програмата е денеска и ќе биде од затворен карактер, додека вториот е на први октомври во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 16 часот. Вратите за оваа средба ќе бидат отворени.

ПретходноНацева, амбасадорот на ЕП: Сакам достоинствено да ја претставам својата држава, да бидеме модели и примери за младите генерации!
СледноБилетите за дуелот со Партизан во понеделник, терминот на мечот сеуште непознат