Селекторот на Малта обвинет дека сексуално злоставувал двајца репрезентативци

263

Девис Магниа, актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Малта, е обвинет дека сексуално злоставувал  двајца репрезентативци.

Против него е веќе поведена постапка и тој е суспендиран од страна на федерацијата. Не го водеше тимот на мечот против Израел, и многу веројатно никогаш повеќе нема да седне на клупата на Малта.

Тој на официјален прес ги демантираше сите обвиненија, велејќи дека не му е јасно зошто се прави ова и зошто се руши неговиот углед и дека ќе следува контра правна реакција од негова страна.

Детали за самиот скандал нема но италијанските медиуми велат дека тој имал слични обвиненија на негова сметка додека работел и во Романија.

 

ПретходноНикола Карабатиќ размислува дали да го продолжи договорот со ПСЖ!
СледноСавевски: Имаме тешки противници на ЕП, ќе бидам среќен ако земеме „скалпот“ на еден од нив!